
4 Степени
Исполнети желби за стан од соништата
Мега Акустик ти го претставува 4 Степени, новиот станбено-деловен комплекс во населба Аеродром. 4 Степени со своите различни големини на станови е совршен избор за сите генерации и плени со својот пријатен изглед, полн со зеленило.
Дизајнот на комплексот е внимателно реализиран да се грижи за живеењето на своите станари. Од посебно детско игралиште, до приватен паркинг за твојот велосипед, сѐ тоа споено со зеленилото – е домот кој ти е потребен.
4 Степени е детално архитектонски дизајниран со функционални патеки за брза конекција до гаража со 451 паркинг места и полначи за електрични возила.

Системот на градбата на 4 Степени е реализиран од сертифицирани градежни компании во земјата, и најквалитетен материјал како за надворешната така и за внатрешната градба на објектот за удобен живот со добра термоизолација, звучна изолација, електрична инсталација, водовод и канализација, хидроизолација, фасаден систем, санитарија, паркет, врати, прозорски систем, и лифтови.