Gradia Home

Станбено-деловниот комплекс Gradia Home е современ комплекс од два станбено-деловни и еден деловен приземен објект со многу атрактивен и специфичен изглед различен од останатите и лесно препознатлив. Се наоѓа на атрактивна локација во општина Аеродром на местото на стара општина, на ул. Венјамин Мачуковски бр.34, Скопје.

Сите станови во Gradia Home се распродадени.

Previous
Next

СЛОБОДНИ ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ

Локација

Пристапот кон комплексот е од ул. Венјамин Мачуковски но со предвидено кружно движење околу објектите како сообраќајно решение кое нуди извонредна поврзаност на сите страни на комплексот, патеки за пешачко движење, зелени површини и паркинг места. Комплексот е со помала висина која овозможувда оддалеченост од соседните објекти нудејќи отвореност и прегледност кон околината и Водно.
Висина на станбено-деловните објекти е приземје (деловен дел), 6 ката и поткровје а средишниот деловен објект е на едно ниво, со обезбедени доволно паркинг места во партер или гаражи за непречено функционирање.

Паркинг

Станбено-деловниот комплекс Gradia Home располага со вкупно 213 паркинг места распоредени во партер и подземни гаражи. Во партерот се обележани 43 стандардни паркинг места и 3 паркинг места за лица со посебни потреби. Подземните гаражи имаат 40 паркинг места на бетон, 122 касетно независни и 5 паркинг места за лица со посебни потреби.

Oпис на паркинг систем
Како одговор на големиот проблем со недостаток на паркинг места во урбани средини во развиените западни држави се употребува ефикасен паркинг систем со хидраулика кој ја подига или спушта платформата на повеќе нивоа.

Просторот во земја овозможува независно паркирање т.е. сите возила можат да излезат или влезат без да го поместат другото возило. Важно е да се напомне дека платформите одговараат за сите типови на возила од мали коли до џипови со поголема тежина и висина.

Промотивно видео

Локација

Мега Акустик © 2023 Сите права се заштитени.