Mega Mall
Previous
Next
Деловниот комплекс Mega Mall се наоѓа на бул. „Борис Трајковски“ бр. 62, во општина Кисела Вода, Скопје. Сместен е на атрактивна локација на само 2.5 km од центарот на градот која овозможува одлични услови за непречена поврзаност и деловно функционирање. Објектот е замислен како современ, функционален и атрактивен простор, со квалитетна градба според сите стандарди за деловни комплекси. Комплексот се состои од три ката, кои покрај основната комуникација преку скали се поврзани и со лифтови и ескалатор, сопствен паркинг, најсовремен систем за централно греење и ладење.